Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Што е ISOFIX?

Ако во овој момент барате авто седиште или размислувате за него, сигурни го знаете поимот ISOFIX.

Ако во овој момент барате авто седиште или размислувате за него, сигурни го знаете поимот ISOFIX. Овие информации се вклучени во описот на повеќето производи, но многу родители сеуште не знаат точно што купуваат и како да ги користат. Во оваа краток напис, ќе пробаме да ги наведеме најважните информации во врска со системот ISOFIX.

ISOFIX – што тоа значи?

ISOFIX е скратеница од Меѓународна организација за стандардизација – ISO. Што тоа всушност значи? ISOFIX е систем за прицврстување на детски сигурносни авто седишта за седиштата во автомобилите. Пред неколку години беше многу малку познат , иако во првите автомобили се појавил во почетокот на девдесеттите. Во стандардите е скоро 20 години и експерти го сметаат за најдобар систем за вградување на детски седишта во автомобилите.

Како изгледа?

ISOFIX системот е доста едноставен, но само однадвор. Се состои од два држачи сместени помеѓу седиштето и потпирачот (наслонот). Безбедноста ја потврдува фактот дека носачите се прицврстени директно на конструкцијата на возилото. Тоа значи дека во случај на несреќа, детското седиште прицврстено со ISOFIX е трајно прицврстено за возилото, а не како во случајот на вообичаени инсталации – само со каиш. Се разбира врзувањето со сигурносен појас не е лоша идеја, но тоа важи само кај мали деца, односно новороденчиња и бебиња тешки до 18 кг. Сепак и во овие случаи ISOFIX подобро ја исполнува својата улога, затоа што во тие случаи тежината на детето не прави мал отпор при сообраќајна несреќа. ISOFIX е многу поцврст и овој добро дизајниран систем на закопчување, го спречува неправилното вградување на авто седиштето, што во случај кога врзувањето е само со појас, се случува многу често.

Дали секој автомобил има ISOFIX?

Секако дека секој автомобил, како и секое седиште во автомобилот, го нема тој систем. Треба да имаме на ум дека ако нашиот автомобил има ISOFIX систем и ако купиме било кој модл на авто седиште без него, тоа не може да биде инсталирано со помош на овој систем. Исто така не можете да инсталирате детско седиште со ISOFIX во автомобил кој нема ваков систем. Тоа значи дека и автомобилот и детското седиште мора да имаат ISOFIX систем за прицврстување, како би можеле да го користите. Сега повеќето производители нудат детски авто седишта со ISOFIX и сите тие можат да се постават во автомобилот на традиционален начин – со користење на сигурносен појас.