ПРЕТВОРЕТЕ ЈА ОБИЧНАТА ПРОШЕТКА ВО ВОЗБУДЛИВА АВАНТУРА!
SPINSTEP е трицикл 5 во 1 кој благодарение на модуларната структура лесно може да се прилагоди според висината на детето. Со SPINSTEP секојдневните прошетки ќе прераснат во возбудлива авантура исполнета со емоции и забава. SPINSTEP е одлична алтернатива за количка со што родителите ќе можат да поминуваат активно време на отворено заедно со детето веднаш откако тоа ќе наполни 9 месеци.
5 ВО 1 ТРИЦИКЛ
SPINSTEP поседува модуларна структура. Ова значи дека можете многу лесно да ги раздвоите индивидуалните елементи без користење на алат со што лесно ќе го адаптирате трициклот согласно возраста и вештините на детето. SPINSTER ќе биде верен пријател на вашето дете како на неговиот прв роденден така и за време на неговото прво самостојно возење!
АЛТЕРНАТИВА ЗА КОЛИЧКА
SPINSTEP е одлична алтернатива за количка. Поседува меко седиште кое ротира 360 степени и може да се постави во двата правци на движење.
ВОДООТПОРНА ТЕНДА
SPINSTEP поседува голема водоотпорна тенда која може да се склопи или прилагоди според моменталните потреби и временски услови. Материјалот е со UPF50+ филтер благодарение на кој детето ќе биде заштитено од дожд или силно сонце.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА РАСТОЈАНИЕТО
SPINSTEP е опремен е со седиште кое се прилагодува што ќе овозможи да биде уште подолго со вашето дете. Доколку детето сеуште не може да ги достигне педалите, приближете го седиштето поблиску до кормилото. Кога детето ќе порасне – само притиснете го копчето за поместување на седиштето наназад.
БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ
Мекото седиште е опремено со појаси во 3 точки на врзување и со опција за прилагодување по висина во зависност од возраста на детето. SPINSTEP е опремен со централен обрач кој истовремено го штити детето и служи како потпора за помало дете. Родителите имаат лесен пристап до кочниците кои се сместени на задните тркала.
ФУКНЦИЈА СЛОБОДНО ТРКАЛО
SPINSTEP е дизајниран за забава и сигурност – опремен е со специјална функција на слободно тркало. Тоа значи дека може да се исклучи погонот на предното тркало со што детето ќе може енергично да врти без да влијае на движењето. На овој начин родителите ќе имаат контрола во секој миг од возењето.
ДРЖАЧИ ЗА НОЗЕ
Кога вашето дете ќе се измори од вртење на педалата, не морате да го земате во раце – само спуштете ги држачите за нозе со што дете ќе може да се одмара и да ужива во возењетo.
ИЗДРЖЛИВИ ТРКАЛА ЗА КОИ НЕ Е ПОТРЕБНО ОДРЖУВАЊЕ
За тркалата не е потребно пумпање бидејќи се изработени од полиуретан. Големи се и одлично функционираат на шумска патека или во урбана средина.
РАЧКА ЗА УПРАВУВАЊЕ
SPINSTEP обезбедува удобност и за родителите бидејќи е опремен со рачка која е обложена со мека пена која е пријатна на допир. Исто така рачката може да се регулира во висина на 3 нивоа.
ЛЕСНО СКЛОПУВАЊЕ
SPINSTER е одличен за прошетки, а кога е време за друг вид на забава може лесно да се склопи, премести или складира поради малата големина кога е склопен. Исто така, поради опцијата за преклопување ќе можете да го понесете и на патувања.
2 ПРАКТИЧНИ КОРПИ
SPINSTEP е опремен со 2 корпи (голема на задниот дел, и мала на предниот дел) во кои ќе можете да ги сместите сите неопходни предмети на детето.
КОРИСНИ ДОДАТОЦИ
За ситниците кои ви се потребни за време на возењето обезбедена е торба на рачката за туркање. Исто така, во комплетот се вклучени ѕвонче и држач за чаша.
МАТЕРИЈАЛИ
Водоотпорен полиестер
Тендата е водоотпорна и поседува UPF50+ филтер
ЧЕЛИК
Цврстата челична конструкција е издржлива и долготрајна
PU тркала
PU тркалата кои се изработени од полиуретан немаат потреба од одржување и добро функционираат на секаков терен
СПЕЦИФИКАЦИЈА - ДЕКЛАРАЦИЈА
- Бренд: Kinderkraft
- Модел: SPINSTEP
- Димензии: должина: 106 cm
висина: 103 cm
ширина: 50,5 cm - Димензии склопен: должина: 71,5 cm
висина: 56 cm
ширина: 51 cm - Дијаметар на тркалата: предни: 24,5 cm
задни: 21 cm - Димензии на седиштето: ширина: 17,5 cm
длабочина: 14 cm - Димензии на рачката: 3 позиции
93-108 cm - Димензии на наслонот: ширина: 32 cm
висина: 50 cm - Тежина: 10 kg
- Возрасна група: од 9 месеци до 5 години
- Земја на потекло: Кина