Ергономската носилка е совршено решение за родителите на деца, кои повеќе не сакаат да користат количка. Кога вашето дете повеќе сака да го носите, а рацете и грбот почнуваат да ве болат, оваа ергономска носилка ќе ви биде спас. Исто така претставува згоден начин брзо да го посетите локалниот маркет со детето, кое се уште не може да оди. Ако ви е потребно и двете раце да ви бидат слободни, а бебето и понатаму сака да се гали, одберете ергономска носилка која е погодна за деца од 3 месечна возраст. Ергономските носилки Kinderkraft исто така се идеални за патувања и било која друга ситуација, каде што ви е потребна слобода во вашето движење.
Ергономски носилки – кога можете да почнете да го носите бебето?
Ергономските носилки од Kinderkraft, дизајнирани се за деца од 3 месечна возраст. Сите наши производи изработени се според највисоки безбедносни стандарди. Нивната конструкција му овозможува на детето да завземе безбедна положба за развој на колковите (вовлечена карлица и нозете во положба жаба / „М“). За разлика од класичните носилки, оние во нашата понуда се меки и правилно профилирани. Не вршат притисок на бебето и рамномерно ја распоредуваат тежината. Сите носилки за бебиња Kinderkraft, се сертифицирани од страна на HIP институтот за дисплазија, како би се обезбедила ергономска и сигурна положба на детето, кога го носите на вашите гради. Нашите производи имаат дополнителен околувратник, кој ја придржува и потпира главата на детето. Носилките Kinderkraft ќе се обвиткаат околу вашето дете и ќе ви помогнат да создадете блиска врска помеѓу вас и детето.
Нудиме производи, кои ќе ви овозможат да го носите бебето во две положби: на градите и на грбот. Положбата на гради (детето е пред родителот и е во положба – жаба) се препорачува за најмали деца, кои не можат сами да седат. Од друга страна, положбата на грб се препорачува за повозрасни деца, обично за оние кои самостојно одат, но при прошетките брзо се заморуваат.
Ергономските носилки од нашата продавница овозможуваат:
• сигурна положба на нозете (положба – жаба), која не пречи на развојот на колковите на бебето;
• заоблен грб и вовлечена карлица, така што детето не го напрега лумбалниот предел;
• рамномерна и безбедна распределба на тежината во секоја положба (бебето не ја потпира целокупната телесна тежина на меѓуножјето, додека неприродно ги шири нозете).
Подесиви ергономски носилки
Ергономските носилки Kinderkraft, како што е ергономската носилка MILO, опремена е со иновативен скратен панел, кој овозможува уште подобар производ, кој одговара и на родителите и на детето. Благодарение на него, долгите прошетки ќе бидат пријатни и удобни. Нашите производи ви овозможуваат уживање, каде и да одите. Носилките за бебиња од 3 месечна возраст можат да се користат со години, можете да носите дете, тешко и до 20кг! Покрај тоа, сите се прилагодливи, така што лесно можете да ги прилагодите на своето дете, кое расте. Изработени се од материјали, кои се пријатни на допир и лесно се чистат. На пример, ергономската носилка NINO направена е од 100% пропуслив и мек памук. Материјалите се пријатни и за родителите и за децата.
Нудиме низа на иновативни решенија, кои ќе ја олеснат секоја прошетка. Заради тоа во нашите носилки ќе најдете дополнителни лепливи ленти, џебови за дреболии и одвоива качулка за лошо време (како на пр. кај ергономската носилка HUGGY). Нашите производи, исто така, овозможуваат правилна распределба на тежината на детето. Ова обезбедува грбот на родителите да не биде преоптеретен и свиткан во неприродна положба. Носилките Kinderkraft се погодни за било која ситуација – при прошетки, дома или на патување.