- 28.000 ден.
-
21.980 ден.
Kinderkraft XMOOV количка за бебе сет 3 во 1
Мултифункционална количка 3 во 1
- 2-3 дена
НОВА УНАПРЕДЕНА ВЕРЗИЈА НА КУЛТНИОТ МОДЕЛ MOOV
Мултифункционална количка за деца од првиот ден, до 22 kg. Колевка - корпа, количка и седиште за автомобил во едно. XMOOV е идеална за патување и за користење во урбани услови. Производот ги исполнува најновите сигурносни стандарди. Поседува унапреден систем за апсорпција на вибрации на сите 4 тркала, 8 позиции на рачката за туркање, опција за свртување на седиштето во двата правци на движење и спуштање во целосно лежечка позицијa
СЕДИШТЕ 2 ВО 1 – КОРПА И СПОРТСКО СЕДИШТЕ
Потребни се само 3 чекори за да ја трансформирате корпата во спортско седиште со што на брз начин ќе ја промените функцијата на количката за време на прошетките. На овој начин XMOOV ќе биде сопатник на вашето дете долги години, а истовремено ќе заштедите и простор.
4 ГУМЕНИ ТРКАЛА СО АПСОРПЦИЈА НА ВИБРАЦИИ
Големите тркала на воздушно пумпање (20 и 30 cm) со апсорпција на вибрациите, се издржливи, отпорни на абење и гарантираат сигурен контакт со тлото за време на возењето. Обезбедуваат високо ниво на удобност во сите услови на користење.
ПРИЛАГОДЛИВА РАЧКА ЗА РОДИТЕЛИТЕ
Рачката за туркање може да се прилагоди во 8 позиции, со што се гарантира удобност за родителите без разлика на нивната висина. Обложена е со квалитетна еко кожа.
ДВА ПРАВЦИ НА ДВИЖЕЊЕ
ДВА ПРАВЦИ НА ДВИЖЕЊЕ
3 ПОЗИЦИИ НА СЕДИШТЕТО
Количката е опремена со седиште кое може да се регулира во 3 позиции. Регулацијата е со помош на рачка која се наоѓа на врвот од седиштето. Со еден потег можете да ја променете позицијата во лежечка, полулежечка или седечка позиција. Едноставно!
СИСТЕМ ЗА ПАТУВАЊЕ
Во сетот се вклучени адаптери кои се користат за поставување на транспортерот MINK на рамот од количката. Транспортерот може да се монтира во автомобил со помош на сигурносните појаси.
ЕДНОСТАВНО СКЛОПУВАЊЕ
Седиштето 2 во 1 може лесно да се демонтира, а рамот лесно се преклопува и погоден е за транспорт или складирање. Поседува систем за заштита од случајно отворање со што се гарантира безбедноста при транспортот.
ВЕНТИЛАЦИОНА МРЕЖА
Тендата е опремена со специјална мрежа кога обезбедува додатен проток на воздух и поглед кон детето.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ТЕНДАТА
Тендата е длабока и може да се издолжи со еден потег, со што се гарантира максимална заштита од неповолни временски услови. На предниот дел се наоѓа додаток кој штити од сонце.
ТОРБА ЗА МАЈКАТА + ДОДАТОЦИ
Во сетот е вклучена торба за мајката каде што ќе може да се сместат сите неопходни предмети кои ви се потребни за време на шетањето, заедно со универзалните закачалки за монтирање на торбата на рамот од количката. Во комплетот е вклучена и мека подлога за пресоблекување. Модерниот дизајн и стил на торбата овозможуваат да се носи и на рамо.
5-point safety harness
The 5-point adjustable harness ensures that your child is safe and comfortable, thanks to the soft pads and crotch pads. The soft pads can be easily removed for cleaning, and the belts can be adjusted in висина, as the child grows.
ПРАКТИЧНИ ДОДАТОЦИ
Во сетот е вклучено се што е потребно за на вашето дете да му биде удобно за време на шетањето во сите временски услови: мрежа против инсекти, покривка за дожд и зимска прекривка. Благодарение на држачот за чаша секогаш ќе може да понесете кафе или чај.
СИГУРНОСНА ПРЕЧКА
Рачката на предниот дел може да се извади од едната страна и да ротира 360 степени со што лесно ќе можете да го сместите детето во количката. Обложена е со квалитетна еко кожа
ГОЛЕМА ШОПИНГ ТОРБА НА РАМОТ
Корпата на рамот има капацитет до 4 kg. Лесно е пристапна од секоја страна и лесно може да се демонтира за чистење.
ПРОЗОРЧЕ НА ТЕНДАТА
Прозорот на тендата ви овозможува во секој момент да го набљудувате детето за време на шетањето.
ФИКСИРАЊЕ НА ПРЕДНИТЕ ТРКАЛА
Предните тркала на воздушно пумпање ротираат 360 степени, а доколку количката се вози по нерамен терен може да се фиксира правецот на движење со што ќе се загарантира безбедноста. Благодарение на амортизерите кои се инсталирани на сите 4 тркала, возењето ќе биде комфорно и удобно.
STOP & GO КОЧНИЦА
Овој модел на кочница е пригоден за сите видови на обувки. Не постои ризик за било какви оштетувања. Кочницата се наоѓа на средината од основата со што се елиминира ризикот од случајно притискање.
ИЗДРЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ
Челик
Челичниот рам е цврст и отпорен на оштетување
Ленен полиестер
Навлаката за нозе е изработена од издржлив полиестер кој брзо се суши и е лесен за одржување
Гума
Гумените тркала на воздушно пумпање се идеални за тежок терен: ги апсорбираат вибрациите и обезбедуваат комфор
СПЕЦИФИКАЦИЈА ДЕКЛАРАЦИЈА
- Бренд: Kinderkraft
- Модел: XMOOV
- Тежина на рамот: 8,5 kg
- Тежина на транспортер: 5,5 kg
- Тежина на седиштето: 3,3 kg
- Дијаметар на тркалата: предни 20 cm; задни: 30 cm
- Ширина на задна осовина: 60 cm
- Димензии на корпата: должина 90 cm, ширина 40 cm, длабочина 22 cm
- Димензии на количка: Наслон должина 44 cm, Наслон ширина 32 cm, Седиште ширина 32 cm, Седиште длабочина 22 cm, држачот за нозе висина 20 cm, држачот за нозе ширина 30 cm, држачот за нозе за поголеми деца: ширина 6 cm, должина 28 cm
- Димензии на склопен рам: висина 42 cm, ширина: 65 cm (62cm без држачот за чаша), должина 75 cm
- Димензии на расклопен рам: висина 92-116 cm (опсег на прилагодување на рачката), ширина 60 cm (со тркалата), должина: 110 cm (со монтирана корпа)
- Димензии на транспортерот Минк: Висина: 37-54 cm, Ширина: 45 cm, Должина: 64 cm
- Торба: ширина: 53 cm, висина 29 cm (+ рачката 16 cm)
- Подлога за повивање: склопена: 20 x 37 cm, расклопена: 37 x 56 cm
- Стандарди:: ECE 44/04 за транспортер MINK
- Комплетот вклучува: Торба за мајката, подлога за пресоблекување, каиши за монтирање на торбата, држач за чаша, мрежа против инсекти, покривка за дожд, предна зимска прекривка, адаптери за транспортерот
- Димензии на пакетот: 52 x 46 x 75 cm / 19,1 kg
- Земја на потекло: КИНА