Едно од неопходните елементи за бебиња е количката. Без количка, излегувањето на прошетка или пазарување, практично е невозможно. Количката – посебно мултифункционалната, како на пр. 3 во 1, се купува за да траe со години, затоа треба внимателно да се размисли кој модел би ги исполнил вашите, и очекувањата на вашето дете.
На што треба да се обрне посебно внимание при купувањето на количка?
Каков тип на количка треба да се купи?
Детските колички можат да се поделат на неколку видови. Нашата понуда ги вклучува:
- Чадор колички – опремени со спортско седиште и наменети за седење на бебиња на возраст од околу 6 месеци. INDY количката е една од нив;
- 2 во 1 количка – сет кој се состои од универзален рам и одвоена корпа и количка. На некои модели додадени се универзални адаптери. Пример за такви колички се AVEO количките;
- 3 во 1 колички – ова решение, кое го среќаваме кај PRIME 2020 количките, дополнително е опремено и со седиште за во автомобил и адаптери, кои овозможуваат поставување на седиштето во рамот
Кога се подготвувате за раѓање на бебето, најдобро е да ја одберете количката 3 во 1 или 2 во 1 (во зависност од тоа дали сакате да купите посебно авто седиште за бебето). За решението 3 во 1, имајте на ум дека авто седиштето за бебе, исто така служи и како носилка и лесно се поставува во рамката на количка – кога бебето ќе заспие во автомобилот и сакате да пазарувате, не треба да го будите детето, за да го ставите во рамката на количката
Повеќенаменскате колички се погодни за новороденчиња (колевки) и за деца од неколку години (количка – спортско седиште). Во зависност од моделот на количката, оптоварувањето на рамката може да биде до 15 кг или дури до 22 кг (за XMOOV количките). Со купување на количките 3 во 1 или 2 во 1, штедите и време и пари.
На што уште треба да се насочите при купување на количка?
- начинот на кој ја превиткувате и откопчувате колевката и величината (ова е многу важно кога планирате често да патувате со автомобил). Лошото функционирање на механизмот и преголемата величина, можат да се покажат како сериозен проблем.
- тркалата и амортизацијата (амортизацијата, како и материјалот од кој се изработени тркалата, влијаат на полесно движење врз тврди подлоги). Проверете дали предните тркала се вртат за 360 степени и дали можат да се заклучат за возење право.
- дополнителна опрема (мрежа против комарци, торба, мантил за дожд, навлака за нозе и држач за чаши). Сите овие додатоци можат да бидат многу корисни, а нивното посебно купување може да ве чини многу пари!
- тежината (колку е полесна количката, толку е полесен транспортот и маневрирањето). Меѓутоа, запамтете дека малата тежина може да значи дека количката е со помали димензии. Исклучок од ова се количките со рамки од легура на магнезиум.
Иако тежината на количката е важна карактеристика, родителите се уште не и посветуваат соодветно внимание. Меѓутоа мислењето дека „2 килограми не прават разлика“, може да биде голема и болна грешка – посебно за грбот. Полесните колички се позгодни и можат да бидат спас за луѓето кои живеат во зграда без лифт.
Која количка да ја одберам?
Повеќенаменските колички се исклучително корисни, но кога вашето дете ќе порасне и ќе сака самостојно да го истражува светот, некои од родителите се одлучуваат да купат класична количка, која може да се склопи заедно со седиштето. Во овој случај, следниве карактеристики се многу важни: леснотијата на склопувањето, начинот на работа на поедини механизми, особините на тркалата или бројот на додатоците.
Секоја Kinderkraft количка опремена е со меко седиште, како и сигурносни појаси во 5 точки, со перничиња. Појасот се прилагодува, а ракофатот кој се отстранува е исто така одговорен за безбедноста. Некои модели имаат тркала со амортизери (сите тркала или само задните тркала), а голем дел имаат вртливи тркала, кои можат да се заклучат за возење право. Секоја количка во нашата понуда може да се склопи, заедно со седиштето (мултифункционалните модели се исклучок). Понудата на Kinderkraft вклучува лесни колички, како што е NUBI, или количка за потешки терени, како што е количката ALL ROAD.
Детска количка, која е лесна, удобна и лесна за управување, сигурно вреди за секоја пара. Затоа, добро е да одберете модел, кој одговара и на вашите животни услови (во случај на мали станови, треба да се одбере количка со колевка, која се претвора во количка – како кај моделот MOOV), како и на вашето дете (на поголемо дете ќе му треба количка со подлабоко седиште).
Изберете ги мултифункционалните решенија на компанијата Kinderkraft, кои ќе ви овозможат да ја прилагодите количката, и за вас и за вашите деца!