Учењето како да се јаде храна, која не е млеко, е пресвртница во развојот на вашето бебе. Исто така, претставува предизвик за родителите да ја одржуваат куќата уредна. Како да се поистоветат овие две работи? Само треба да купите специјална хранилка, која лесно се чисти, со тацна која може да се извади! Добрата хранилка е инвестиција, која ќе му овозможи на вашето дете како слободно да јаде, а ќе му помогне и да научи како да завземе правилна положба на телото додека јаде. Откријте кои хранилки на Kinderkraft ќе одговорат на вашите потреби!
Нудиме мултифункционални хранилки – за мали станови препорачуваме склопливи модели, кои лесно се чуваат во шкафот. А ако сакате да купите хранилка, која ќе трае со години, одберете производ, кој лесно може да се претвори во столче за повозрасно дете.
Кога да купите високо столче - хранилка?
За да одговорите на ова прашање, потребно е детално да разгледате два вида на вакви производи. На пазарот ќе најдете класични хранилки и хранилки со склоплив потпирач (наслон). Моделите кои се подесуваат, можат да се користат малку порано, кога детето се уште не седи стабилно. Повеќето родители ги користат за хранење од шишенце.
Хранилката од дрво или пластика без подесив потпирач, погодна е за деца на возраст од околу 6 месеци. Меѓутоа, способноста за самостојно седење е битен услов – некои дечиња не седат на оваа возраст, така што, кога ќе треба да купите хранилка, тоа претставува индивидуална работа.
Безбедни и удобни хранилки
Хранилките на Kinderkraft се безбедни, едноставни за употреба и лесно се чистат. Меѓу другото, нудиме склопливи производи и оние, кои покасно можат да се трансформираат во класично детско столче. Некои модели, како што столчето за хранење TIXI, опремени се со посебна водоотпорна влошка, која може да се извади. Сите хранилки имаат тацна, која може да се извади и имаат широки удобни седишта со сигурносен појас.
Повеќенаменските модели заслужуваат посебно внимание. Овде, меѓу другото, ќе најдете хранилка 2 во 1, која може да послужи и како ниско столче за играње или цртање. Нашите хранилки имаат стандардна висина, што им овозможува да се постават на класични столчиња во кујна или трпезарија. Покрај тоа, се одликуваат со својот убав и современ дизајн.
Хранилки кои се склопуваат
Добро знаеме дека во ерата на мали станови, немаат сите доволно голема кујна или одвоена трпезарија. Постојаното поставување на хранилката може да биде проблематично – во овој случај на помош доаѓа моделот кој се склопува, како што е хранилката PINI или хранилката YUMMY. Покрај тоа, PINI моделот покасно може да се претвори во столче за постаро дете. Изберете мултифункционални решенија, кои ви овозможуваат да купите столче за годините кои доаѓаат!