Програма 25 месеци гаранција
Програма 25 месеци гаранција
Програма за безбедност
Програма за безбедност
Програма за сигурни седишта
Програма за сигурни седишта

Подлоги за игра

Kinderkraft подлога за играње - Smart Play

Големата и пространа подлога за играње Kinderkraft Smart Play има повеќенаменска функција која о..

3.980 ден.

Kinderkraft подлога за играње - Smart Play

Kinderkraft подлога за играње - XPE MATTY2

Главните предности Од раѓање Безбедни материјали За одмор, учење и забава Два инспир..

3.980 ден.

Kinderkraft подлога за играње - XPE MATTY2

5.490 ден.

Kinderkraft подлога за играње 3 во 1 - TIPPY

Kinderkraft подлога за играње 4smart

Контрастни бои кои го стимулираат развојот на вашето дете

5.490 ден.

Kinderkraft подлога за играње 4smart

3.980 ден.

Kinderkraft подлога за играње Luno

Најдоброто игралиште за децата е подот. Таму можат да го истражуваат светот од една поинаква перспектива, отколку во рацете на своите родители. Меѓутоа, за да биде детето потполно безбедно, мора да му најдете соодветен простор, за да ги развие своите способности. Едукативната подлога на Kinderkraft совршено ќе послужи за оваа цел. Не само што ќе му овозможи на вашето дете удобно место за игра, туку ќе му овозможи и удобно вежбање (на пр. да ја подига главата, да научи да ползи или да станува). Вашето бебе не сака да лежи на стомак? Поттикнете го да го стори тоа, со помош на нашите интересни едукативни подлоги!

Нашата понуда ги опфаќа класичните едукативни подлоги за деца и едукативните подлоги од пена. Нашите производи се мултифункционални – еден од нашите најдобри производи е едукативната подлога SMARTPLAY, која има подигнати страни, како и топчиња за игра. Ќе му послужи на вашето дете уште од првите недели од животот и ќе му служи во наредните месеци. Детските подни простирки на Kinderkraft направени се од материјали, кои лесно се чистат. Боите и додатоците го поттикнуваат вашето бебе да ја подигне главата и да ги испружи рацете. Помогнете му на своето бебе да се развива преку игра.


Класични едукативни подлоги за бебиња

Едукативните подлоги за бебиња, позитивно влијаат на нивниот развој. Го подржуваат детето во сензорното и моторичкото подрачје. Тие се помош при растењето и обезбедуваат развој преку игра. Ова е посебно важно за мали деца, кои секојдневно учат нови работи. Кај едукативните подлоги постојат вртелешки со висечки играчки, кои често содржат шушкави и звучни елементи, како и огледала и меки книги кои шушкаат. Шипката може да се одвои, па таквата едукативна подлога ќе биде идеална подлога за бебе, кое сеуште не може да дофати предмети со рацете. Едукативните подлоги на Kinderkraft се исклучително меки, така што лежењето на подот нема да биде непријатно или болно за вашето бебе. Висечките играчки, кои може да се извадат, подолго време ќе го преокупираат вашето бебе и ќе ви овозможат неколку драгоцени минути за себе. Контрастните едукативни подлоги, со огледала и страни за ограничено движење (домашни миленичиња), дополнително ќе ја развијат фантазијата на детето и ќе им дадат на родителите многу инспирации, да им раскажуваат нови приказни.

Контрастни едукативни подлоги

Контрастната едукативна подлога се препорачува за сите мали деца. Видот на новороденчето е околу 30 пати послаб, од видот кај возрасен човек. Заради тоа контрастните комбинации на бои и дезени се најинтересни за бебињата во првите недели од нивниот живот. На самиот почеток на бебињата видот им е замаглен – затоа пастелните бои на предметите им се стопуваат во едно замаглено место за нив. Едукативната подлога од пена, со своите контрастни бои, дефинитивно ќе биде одлично решение – детето, не само што ќе може да остане на подот и да го вежба подигањето на главата, туку ќе биде и љубопитно да научи нови облици и бои. Производите, како што е на пр. подната подлога LUNO, нудат потполна изолација од подот. Тие се меки, а покрај тоа му помагаат на бебето да научи како да ползи и да ги прави првите чекори.

Едукативни подлоги – кога е време да се користат?

Родителите често се прашуваат, каква подлога е најдобра за нивното дете и кога би можеле да ја користат. Се зависи од производот – на пр. подлогата која е како сложувалка обично е погодна за деца од неколку месеци, додека меките подлоги со страници и вртелешки со висечки играчки, може да се купат за деца во првите недели од животот. Едукативните подлоги се направени од сигурни материјали и на детето му даваат најголема развојна подршка околу четвртиот месец од животот. Тогаш детето почнува да се интересира за играчките, кои му висат над главата и за контрастните слики.

Ако барате едукативна подлога, која на вашето бебе ќе му помогне да се развива и на момент да се одморите, прегледајте ја нашата понуда на подните подлоги за деца! Дефинитивно ќе можете да одберете најдобар модел за себе и за своето дете.