- 15.000 ден.
-
12.980 ден.
Kinderkaft трицикл EASY TWIST
Трицикал 5 во 1
- На залиха
ИДЕАЛНА АЛТЕРНАТИВА ЗА КОЛИЧКА
EASY TWIST ги комбинира бенефициите за развој на детето со погодностите за родителите. Модуларниот дизајн значи дека овој модел се менува и се трансформира во зависност од возраста и потребите на детето, ги подобрува неговите вештини за вртење на педалите и го подготвува за самостојно возење. Истовремено EASY TWIST им овозможува на децата да ги развиваат своите сетила, моторичка координација и моторни способности при секоја прошетка.
ЛЕСНА И ИЗДРЖЛИВА КОНСТРУКЦИЈА ОД ЛЕГУРА ОД МАГНЕЗИУМ
Кога ќе дојде време за независни маневри, лесната конструкција од легура од магнезиум ќе му помогне на вашето дете лесно и урамнотежено да го контролира трициклот. Истовремено оваа комбинација на материјали обезбедува издржливост што значи дека детето долго ќе го користи.
CLICK & TWIST РОТИРАЧКО СЕДИШТЕ 360 СТЕПЕНИ
Без разлика дали вашето дете ве набљудува вас или околината, опцијата за свртување на седиштето секогаш ви е на дофат. Со само еден потег можете да ја смените позицијата.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ
Динамично возење или краток сон? Наслонот кој се прилагодува обезбедува удобна позиција за седење или за спиење.
МОДУЛАРЕН ДИЗАЈН
EASY TWIST расте заедно со вашето дете и се прилагодува на неговите потреби во зависност од возраста. Ги развива вештините, ја подобрува координацијата и го подготвува вашиот тодлер за самостојно возење, а на крај се трансформира во лесен трицикл за поголемо дете.
ШИРОКО СЕДИШТЕ СО УДОБЕН НАСЛОН
Со EASY TWIST детето ќе има загарантирана удобност благодарение на широкото седиште и удобниот наслон кои обезбедуваат стабилна потпора и правилна позиција.
СИГУРНОСЕН ПОЈАС ВО 5 ТОЧКИ
Кога детето е сеуште мало за самостојно да вози, сигурносниот појас во 5 точки на врзување со меки облоги ќе ја обезбеди неопходната сигурност. Благодарение на опцијата за прилагодување на појасот по висина во 3 позиции, овој трицикл лесно ќе се приспособи на потребите на вашето дете.
ПРЕЧКА КОЈА СЕ ДВОИ
Детето е додатно заштитено со мека и удобна пречка која може да се двои на средината, со што лесно ќе можете да го ставате и вадите детето од трициклот. Кога детето ќе порасне пречката се вади целосно.
ИЗДРЖЛИВИ PU ТРКАЛА
Тркалата кои се изработени од полиуретан се издржливи, цврсти и отпорни на абење. Соодветни се за возење по секаков терен.
ФУНКЦИЈА НА СЛОБОДНО ТРКАЛО
Со EASY TWIST детето лесно ќе научи да ги врти педалите. Можете да ја заклучете бравата во секој момент со што ќе овозможите слободно движење на педалите. Додека детето е сеуште мало за да ги достигне педалите можете да ги спуштете држачите за нозе.
РАЧКА ЗА РОДИТЕЛИТЕ
Висината на рачката за туркање може лесно да се прилагоди по висина според потребите. Широкиот опсег од 81 до 102 cm обезбедува 4 нивоа и гарантира удобност за време на возењето.
ДРЖАЧИ ЗА НОЗЕ КОИ СЕ СКЛОПУВААТ
Кога вашето дете ќе се умори од вртење на педалите држачите ќе му овозможат удобно да ги одмара нозете.
ЕДНОСТАВЕН ТРАНСПОРТ
Погоден е за транспорт бидејќи сите компоненти можат лесно и брзо да се извадат или повторно да се состават.
НАВЛАКА КОЈА ЛЕСНО СЕ ЧИСТИ
Навлаката на седиштето може лесно да се извади за перење.
ПРАКТИЧНИ ДОДАТОЦИ
Во комплетот се вклучени практични додатоци. Се што ви е потребно можете да сместите во торбата или корпата, а држачот за чаша ќе ви овозможи да го понесете со вас кафето кое не сте стигнале да го испиете дома.
ЦВРСТИ И ИЗДРЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ
Полиестер
Лесно се чисти, издржлив, отпорен на абење
Легура од магнезиум
Конструкцијата е изработена од магнезиум и е исклучително лесно и издржлива
Полиуретан
Тркалата се отпорни на дупчење и абење
СПЕЦИФИКЦИЈА – ДЕКЛАРАЦИЈА
- Бренд: Kinderkraft
- Модел: EASY TWIST FREEDOM
- Возраст: од 9 месеци до 5 години
- Тежина на производот: 10 kg
- Висина на рачката:: 102 cm
- Висина на трициклот (со тенда): 130 cm
- Стандарди: EN-71
- Вклучено: Држач за чаша, торба, ѕвонче
- Димензии на пакувањето: 73 x 43 x 28,5 cm
- Тежина на пакувањето: 11,8 kg
- Земја на потекло: Кина