-
7.980 ден.
Kinderkraft столче за хранење TASTEE
Столче за хранење
- На залиха
Практично иудобно столче
Широкиот опсег на прилагодување им овозможува на децата удобно да го користат ова столче веднаш штом научат да седат. Меката прекривка од вештачка кожа е гаранција за удобност и истата лесно се чисти.
ВИСИНА КОЈА СЕ ПРИЛАГОДУВА
Со помош на опцијата за прилагодување на висината во 7 чекори, ова столче лесно можете да го прилагодите на масите со различни висини.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ
Прилагодувањето на наслонот во 3 чекори, заедно со лежечката позиција, го прави ова столче погодно и за најмалите деца.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА КАПАКОТ (ПОСЛУЖАВНИКОТ)
Прилагодување во 3 точки, со двоен послужавник кој лесно се чисти. Оваа опција овозможува лесно да се стави детето во столчето како и да се прилагоди неговата оддалеченост од чинијата за јадење.
СИГУРНОСЕН ПОЈАС
Сигурносен појас со 5 точки. Лесно се прицврстува и откопчува. Појасот се вади и може да се пере.
ПРИЛАГОДЛИВ ДРЖАЧ ЗА НОЗЕ
Прилагодливиот држач за нозе му гарантира удобност на вашето дете во текот на оброкот.
ЛЕСНО СКЛАДИРАЊЕ
Столчето може да се преклопи во стоечка положба. Послужавникот може вертикално да се прицврсти на задните ногарки од столчето.
Корпа за ситници
Дали би сакале секогаш во близина да ви бидат влажните марамчиња? Столчето TASTEE има практична корпа!
Користени материјали
Алуминиум
Издржлив алуминиумски рам
Вештачка кожа
Навлака од вештачка кожа – мека, издржлива и лесна за чистење
Гума
Гумените тркалца не го оштетуваат подот
Спецификација – декларација
- Бренд: Kinderkraft
- Модел: Tastee
- Материјали: PP пластика, алуминиум Навлака: вештачка кожа
- Димензии: 84,5 x 55,5 x 105 cm
- Тежина: 8,4 kg
- Земја на потекло: Кина