Едукативни подлоги за играње – како да ја изберете?
Едукативните подлоги од пена се одличен подарок за секое дете. Одамна е познато дека едно од најдобрите места за играње на децата е подот. Меѓутоа, на новороденчињата и бебињата им треба соодветна подлога, која ќе им овозможи удобност и заштита од ладно. Заради тоа, сите видови на пени и едукативни подлоги се многу популарни. Што треба да знаете за нив?
Едукативните подлоги од пена се одличен подарок за секое дете. Одамна е познато дека едно од најдобрите места за играње на децата е подот. Меѓутоа, на новороденчињата и бебињата им треба соодветна подлога, која ќе им овозможи удобност и заштита од ладно. Заради тоа, сите видови на пени и едукативни подлоги се многу популарни. Што треба да знаете за нив?
Едукативни подлоги за бебиња – од кој месец?
Еден од најголемите хитови во последниве неколку години, без сомнение се едукативните подлоги. Тие на бебињата им овозможуваат не само удобно место за играње и истражување, туку и мноштво на додатоци, кои ја развиваат нивната фантазија. Повеќето од родителите се прашуваат од која недела на животот можат да gi користат овие производи. Во теорија, одговорот на ова прашање е едноставен, затоа што едукативните подлоги се безбедни, дури и за новороденчиња. Меѓутоа, во пракса ќе бидат од мала корист за деца до два или три месеци. Заради тоа, се препоставува дека добро време за купување на подлога е третиот или четвртиот месец од животот, затоа што тогаш поголемиот дел од бебињата почнуваат да се интересираат за висечки играчки и контрастни бои.
Која едукативна подлога би требало да ја одберете?
Популарноста на интерактивните подлоги за деца се гледа од бројот на производи достапни во продавниците. Се разбира, иако некои решенија може да се сметаат за стандардни и присутни се во речиси секој модел, меѓу нив постојат и значителни разлики. На пример, шарените бои и висечките играчки, огледалата и тропалките се сметаат за стандардни. Помалку вообичаени елементи се: можноста за подигање на страниците на основата и правење на мини ограда за игра, или подлога опремена со топчиња и удобна мека подлога. Уште еден важен аспект на подлогите е големината, која е важна посебно за малку повозрасни деца, на кои едноставно има треба повеќе простор. На пр. дијагоналата на SMARTPLAY подлогата е приближно 100 cm, што ќе биде вистинска големина, дури и за шестмесечно бебе. Исто така, постојат многу производи од 80cm, па дури и од 60cm, кои ќе функционираат, посебно за многу мали бебиња.
Подлоги од пена – од која возраст можат да се користат?
Слагалките од пена се алтернатива или додатен елемент на едукативните подлоги. Ова решение содржи квадратни парчиња на пена, кои често имаат препознатливи и меѓусебно поврзани странични издатоци, така што неколку од нив сочинуваат прилично голема подлога, која ја прави играта на подот попријатна. Нан ив може да ги ставите и најмалите новороденчиња, но во пракса таквите производи имаат повеќе смисол после три месеци од животот на детето. Посебно се корисни од моментот, кога детето ќе почне активно да ги менува положбите, да се превртува или да се обидува да лази.
Која е најдобра подлога од пена за вашето дете?
Кога барате подлога за вашето дете, би требало да проверите што е достапно на пазарот. На кои карактеристики би требало да обрнете посебно внимание?
- Безбедност – производот треба да ги исполнува стандардите и треба да е направен од пена, која не содржи штетни материи
- Големината и бројот на деловите од сложувалката во комплет се исто така важни, затоа што ова ја одредува големината на подлогата. И што е поголема, нуди повеќе забава.
- Нивото на изолација – дебелината на пената на подлогата има големо влијание. И во овој случај, колку што е подебела, толку е подобра.
- Завршна обработка – крајното решение се подлоги со рапава површина, која на детето ќе му овозможи подобра поддршка.
Како да ја чистите подлогата од пена?
Една од задачите на сите подлоги од пена е заштита на подот од разноразни „деструктивни“ идеи на децата. Меѓутоа, ова природно ќе доведе до значителна нечистотија на поедини делови на слагалката, па секако дека е добро да се избере производ, кој лесно се чисти, како што е подлогата LUNO на Kinderkraft. Кај оваа подлога, голем дел од нечистотијата може да се отстрани со обична крпа, без потреба од триење или употреба на средства за чистење. Целата прашина и останатата нечистотија, може да се отстрани со правосмукалка.
Едукативните подлоги од пена, се одличен подарок за секое дете. Бидејќи се корисни и имаат релативно ниска цена, тие ќе бидат одлична поддршка во текот на играта многу месеци, па дури и години.